Балкан
6. November 2015 - 8:32

Еврокомесарот Хан во посета на Косово

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска ќе престојува во Косово, јави дописникот на МИА.

Посета на Хан почнува со средба со претседателката Атифете Јахјага, а по средбата со премиерот Иса Мустафа, планирана е и нивна заедничка прес-конференција.

Пред неговото обраќање во Парлементот на Косово, Хан ќе се сретне и со првиот парламентарец Кадри Весели.

Еврокомесарот Хан се обраќа во косовскиот законодавен дом во време на политичка криза која се роди токму во оваа инситуција која се претвори во арена на распаравии, но и фиизчко насилство со упореба на солзавец.

Но, и покрај тоа претставниците на опозицијата деновиве се изјаснија дека нема да ја попречува седницата на која треба да се обрати Хан, исто како што постапија со седницата на која присуствуваше австрискиот претседател и онаа кога беше изгласан Договорот за стабилизација и асоциација со ЕУ.

Попладне Хан ќе замине за Косовска Митровица каде ќе ја посети фабриката за вода во Шипол, по што е предвидена негова средба со политичките претставници на српската етничка заедница во Косово, вицепремиерот Бранимир Стојановиќ, потпретседателот на Парламентот Слободан Петровиќ и лидерот на Српската листа, Славко Симиќ.