Кошарка
12. December 2015 - 12:48

Евробаскет 2017 во четири земји, завршницата во Истанбул

Европското кошаркарско првенство во 2017 година повторно (како и годинашното 2015)  ќе се одржува во четири земји.  

 
Бордот на ФИБА Европа денеска во Минхен донесе одлука Евробаскет 2017 да се одржи во четири земји. 
 
Финска,  Израел,  Романија и Турција ќе бидат домаќини на шампионатот чија завршница ќе биде со арената Сина Ердем во Истанбул (16.000),  каде 2010-тата се играше завршницата на Светското првенство.