Кошарка
10. September 2017 - 8:12

Евробаскет 2017: Грција ја изненади Литванија

Кошаркарите на Грција направија подвиг откако во осминафиналето од Евробаскетот 2017 синоќа во Истанбул ја победија Литванија со 77:64. Тие во четвртфиналето ќе играат против подобриот од Хрватска - Русија што се игра вечерва.
 
На другите осминафинални дуели одиграни вчера:
Италија - Финска 70:57,
Германија - Франција 84:81,
Словенија - Укрина 79:55.
 
Денеска се играат другите осминафинални дуели: 
Летонија - Црна Гора,
Србија - Унгарија,
Шпанија - Турција,
Хрватска - Русија.