ЕВН урна стар далекувод во село Јанчиште
На контролиран начин денеска беше урнат еден од старите далекуводни армирано бетонски столбови во реонот на селото Јанчиште. Тоа е дел од проектот на МЕПСО за изградба на новиот 110 киловолтниот далновод што ќе ги поврзува најголемите потрошувачки региони на електрична енергија во земјава Тетово и Скопје. Со ова треба да го замени еден од најстарите далеководи во земјата со над 60 години употреба.
Должината на новиот далекувод ќе изнесува 48 километри со вкупно 187 столбни места при што новоизградени ќе бидат 158 челично решеткасти столбови. Вредноста на проектот е над три пол милиони евра.
- Со новиот далекувод ќе ги сведеме на минимум сите ризици од можни потенцијални испади и прекини во снабдувањето на електрична енергија за Тетово и регионот на град Тетово. Решивме градежните активности да ги спроведеме во период со помала потрошувачка на електрична енергија бидејќи ова подрчје е едно од најголемите по потрошувачака во земјата, изјави портпаролот на МЕПСО Никола Стојанов.
Според најавите од МЕПСО, сите работи треба да завршат за четириесеттина денови. Сега регионот на Тетово се снабдува со електрична енергија само од страната на Гостивар, но од компанијата посочија дека се преземени сите мерки нивни стручни екипи да интервенираат при можни краткотрајни прекини и брзо да ја воспостават нормалната состојба.
Ново на Сител
-
Папата Франциск ќе биде погребан во сабота во базиликата Санта Марија Маџоре
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија