Балкан
18. November 2015 - 16:01

Еве зошто е убиен Аркан: Го ликвидирале по одбран рецепт

Неговото убиство е мистерија со години. Некои сеуште велат дека можеби не е убиен.
 
Потенцијална опасност по поранешниот Претседател на Југославија Слободан Милошевиќ. како и блиските односи со Хашкиот трибунал, се спомнуваат како можни мотиви за убиството на Аркан, пишува српски newsweek.
 
Според наводите поединечни сведоци посочуваат дека Аркан би можел да се сврти против Милошевиќ, откако државата одбила неговата Српска доброволна гарда да се вклучи во борбата на Косово и Метохија.
 
Се претпоставува дека Аркан можел во еден ден да ја собере својата војска и да ја вооружи до заби.
 
Зоран Мијатовиќ, поранешен заменик шеф на ДБ, дал една од најрационалните одговори на оваа теорија:
 
Доколку Аркан преживеа тој со сигурност ќе преминеше на посилната страна. Сигурно не би го ризикувал животот бранејќи го Милошевиќ. Еден на друг предизвикуваа проблем а не сојузници како што многумина мислеа.
 
Како што пишува newsweek, ДБ по веќе пробан рецепт го "работел Аркан" па така разбрале дека тој сака на Хад да ја потврди врската помеѓу неговата гарда и Слободан Милошевиќ,  што претставува причина да се издаде наредба за негова ликвидација.
 
Криминологот Златко Николиќ вели дека Аркан бил човек на Милошевиќ.
 
Во подготовките за рушење на режимот, биле уништени главните столбови на Милошевиќ. Аран бил еден од нив бидејќи под контрола ги држел и Легијата и Земунскиот клан.