Македонија
30. September 2015 - 8:22

Еве какво време не очекува денес

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Потоа следува период на сончево и потопло време со умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.