Свет
30. јуни 2019 - 14:54

Евакуирани 15.000 луѓе поради ерупција на вулкани во Папуа Нова Гвинеја

Поради ерупција на вулкани во Папуа Нова Гвинеја евакуирани се 15.000 луѓе на североистокот на земјата, соопштија хуманитарните служби.

Дошло до ерупција на вулканите Улавун и Манама, а засега нема податоци дека некој е повреден.

Улавун се смета за еден од најопасните вулкани на светот, а пепелта од него овој пат одела до 18 км во височина.

Од ерупцијата се уништени куќи, плантажи и извори на вода, па локалното население останало без храна и вода.

Поради големите облаци пепел во прекин се и летовите на регионалните линии.