-->
-->
Eвакуирани 100 пациенти од запалена болница во Србија, пожарот стабилизиран | ВИДЕО
-->
Дури изутринава локализиран пожарот што избувна синоќа во Специјализираната болница за болести на тироидна жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“. Спасувачите евакуираа околу сто пациенти, меѓу кои и триесетина деца, јави Радио телевизија на Србија.
Пожарот, чија причина се уште не е позната, ги зафати покривот и горниот кат на болницата во зимскиот туристички центар на планината Златибор, при што се евакуирани вкупно 114 пациенти.
Директорот на Специјалната болница Александар Симиќ изјави дека сите неподвижни и други пациенти се евакуирани и сместени во околните хотели.
Засега е неизвесно кога болницата која прима пациенти од повеќето земји во регионот, ќе продолжи со нормална работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони