Евакуиран дворот на музејот Лувр, Макрон таму сакал да ја прослави победата
Од безбедносни причини денеска е евакуиран дворот на музејот Лувр, каде центристичкиот кандидат на претседателските избори Емануел Макрон планира да ја прослави својата победа, јави Танјуг.
Ова попладнево го соопшти прес службата што се грижи за претседателската кампања на Макрон.
Портпаролката на кампањата, Полин Калмес, изјави дека шеталиштето пред Лувр, во центарот на Париз, превентивно е евакуирано.
Таа не наведе конкретно каква опасност постои, но рече дека полицијата ја наложила евакуацијата.
Макрон оваа локација ја избрал за место на прославата на изборната победа, наведуваат американските медиуми.
Агенциите потсетуваат дека Лувр веќе се наоѓа под високи безбедносни мерки, откако екстремистите нападнаа војници во близина на музејот, во текот изборната кампања.
Денеска во Франција се оддржува вториот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека Макрон е во водство во однос на неговата противкандидатка Марин ле Пен.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o