-->
-->
Еуростат: Во Македонија лани живееле 46 илјади лица на возраст од 80 и повеќе години
-->
Точно 46.125 лица на возраст од 80 и повеќе години во апсолутна бројка живееле во Република Македонија во 2015 година, информираше денеска Европската канцеларија за статистика (Еуростат).
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, процентуално оваа бројка на луѓе изнесувале 2,2 проценти од вкупната популација во Македонија, при што од овие 46 илјади лица на 80 и повеќе години, 59,8 отсто биле жени.
Според податоците што денеска ги објави Еуростат, по повод Меѓународниот ден на постарите лица, кој се слави секоја година на 1-ви октомври, бројот на живи лица на 80 и повеќе години во 2005 година во Република Македонија изнесувал 30.251 лице или 1,5 проценти од вкупната македонска популација, што покажува зголемување на процентот на овие постари лица за 0,7 отсто.
Инаку, генерално, во 2015 година речиси 27 милиони луѓе на возраст од 80 или повеќе години живееле во Европската унија, што е за седум милиони повеќе отколку во 2005 година. Зголемување и во нивниот апсолутен број е забележан и во вкупното население во речиси секоја земја-членка на ЕУ. Зголемениот процент на стари лица во ЕУ, од 4 отсто во 2005 година на 5,3 проценти во 2015 година, значи дека минатата година еден на секои 20 луѓе кои живеат во ЕУ бил на возраст од 80 или повеќе години.
Според процентите, најмногу лица на 80 и повеќе години се забележани во Грција (6,5% од вкупниот број на населението), Шпанија (5,9%) и Франција (5,8%), додека во апсолутни бројки најмногу живи лица на 80 и повеќе години во 2015 година имало во Германија (4,5 милиони), Италија (3,9 милиони лица) и Франција (3,8 милиони).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор
-
О2 Иницијатива: Да се отвори истрага за излевањето од рудникот Тораница во Крива река и да се испита делувањето на инспекторите
-
Сообраќајна несреќа помеѓу три возила на бул.„Илинден“, нема повредени
-
Институт за радиологија: Пациенти со итна патологија и потреба од КТ дијагностика пренасочувани кон други јавни здравствени установи
-
ФИНКИ го посвети 14. роденден на својот студент Спире Стоименов кој го загуби животот во трагедијата во Кочани
-
Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Му одзеде уште еден на Федерер
-
Поднесено обвинение за тешката сообраќајна несреќа со смртни последици на „Партизанска“
-
Сестрата на Фросина: „Кој е следен”, која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси