Loading Video...
Ракомет
19. јуни 2020 - 16:28

Еурофарм Пелистер и ЖРК Куманово не довија шанса за настап во ЛШ

 
 
Македонија ќе има само еден претставник во ракометна Лига на шампиони. Ова откако ЕХФ не ги прифати барањата на Еурофарм Работник и ЖРК Куманово да играат во елитното натпреварување.
 
Само сеуште актуелниот европски првак Вардар ќе биде македонскиот претставник во ракометната Лига на шампиони. 
 
Европската ракометна федерација не ги прифати апликациите на Еурофарм Пелистер и ЖРК Куманово кои поднесоа барања да се натпреваруваат во елитната лига. 
 
Иако битолскиот тим лани го имаше своето деби во ЛШ, сепак годинава нема да биде дел од одбраното друштво, имајќи во предвид пред се дека следната сезона ќе се игра по нов формат и со само 16 екипи. 
 
Покрај Вардар гаратиран настап имаа уште девет тимови (Барселона, ПСЖ, Веспрем, Кил, Фленсбург, Алборг, ППД Загреб, Киелце и Порто), а ним ќе им се приклучат уште и Нант на Кире Лазаров, ПИК Сегед, Елверум, Целје Пивоварна Лашко и Мешков Брест. ЕХФ реши доколку некој од тимовите го откаже своето учество, следни што би добиле шанса се Висла Плок и Динамо Букурешт.
 
ЕХФ не даде „зелено светло“ ниту за ЖРК Куманово, кој со големи амбиции ќе ја стартува новата сезона.
 
Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите е закажана за 1 јули.