Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот
Еурофарм Пелистер вечерва во Охрид го победи Вардар со 23:22 (полувреме 12:12) и го одбрани трофејот во ракометниот Суперкуп.
На дуелот одигран во „Билјанини извори“ битолчани беа поснаодливи во финишот и со серија од 3:0 во последните три минути стигнаа до победата. Вардар пропушти напад за израмнување, односно шутот на Филип Талески го одбрани голмнаот на „зелено-белите“ Марко Кизиќ.
За Еурофарм Пелистер ова е втор трофеј од почетокот на сезоната. Во август тие победија на Меѓународниот турнир во Струга.
Најефикасен во победничката екипа беше Усама Хосни со седум гола, во редовите на „црвено-црните“ се истакна Талески со 10 погодоци.
Трофејот на победничката екипа го додели Филип Милошевски – генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава