Фудбал
26. July 2017 - 9:24

ЕУРО 2017 - жени: Четвртфинале за Германија и за Шведска

Женските фудбалски репрезентации на Германија и Шведска се пласираа во четвртфиналето на ЕУРО 2017, откако по синоќешните дуели од 3. коло од Б групата ги освоија првите две места.
 
Германија постигна победа над Русија со 2:0, додека Шведска и покрај поразот од Италија со 3:2 се пласира во нок аут фазата.
 
Германија во групата Б заврши како прва со седум бодови, Шведска освои 4, а Италија и Русија по 3. Во четвртфиналето Германија ќе игра против Данска, а Шведска против домаќинот Холандија.
 
Вечерва се играат дуелите од 3. коло од Ц групата: Исланд – Австрија и Швајцарија – Франција. Австрија и Франција се на првите две места со по 4 бодови, Швајцарија има три, а Исланд е без бод.