ЕУЛЕКС упадна во канцелариите на ветераните на ОВК, најавени нови апсења
Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС упадна претпладнево во канцелариите на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во косовската престолнина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Агенцијата Косовапрес објави дека вооружени припадници на полицијата го обезбедуваат објектот во кој се сместени ветераните и вршат претрес во нивните канцеларии.
Акцијата уследи по вчерашното апсење на поранешниот шеф на разузнавањето на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и командант на ОВК, Салих Мустафа, кој е првиот од над 300 осомничени за воени злосторства за време и непосредно по војната во Косово од 1998-99 против кого е официјално подигнато обвинение од страна на Специјализираните комори, односно меѓународниот суд за Косово.
Порталот „Газета експрес“ претходно објави дека во текот на денешниот и утрешниот ден се очекуваат нови апсења на поранешни водачи и припадници со обвиненија од трибуналот, чие седиште е во Хаг.
Во изминатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица донесоа бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против лицата осомничени за воени злосторства и со имиња на сведоци испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер