ЕУ во моментов преплавена со 1,14 милиона барања за азил
Бројот на барања за азил во 2023 година е скокнат за 18 отсто, на 1,14 милиони, што е најголем број од мигрантската криза 2015/2016 година, покажаа денеска податоците на Европската агенција за азил –ЕУАА (EUAA).
Новите податоци најверојатно ќе додадат масло на веќе вжештената дебата за миграцијата и зајакнувањето на екстремната десница пред серијата локални и национални избори низ Европа и, на крајот, изборите за Европскиот парламент во јуни.
Сиријците и Авганистанците го сочинуваат најголемиот број баратели на азил, покажуваат податоците на ЕУАА.
Турските државјани ја сочинуваат третата по големина група баратели на азил, кои поднеле 82 отсто повеќе барања од претходната година.
Бројот на Палестинци кои поднеле барање за азил поради војната меѓу Израел и Хамас е зголемен на рекордни 11. 600.
ЕУАА, меѓутоа, забележува дека е многу тешко точно да се регистрира нивниот број бидејќи повеќето земји на ЕУ не ја признаваат Палестина како држава.
Ново на Сител
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница
-
Поевтинуваат горивата ова се новите цени