Loading Video...
Свет
25. May 2021 - 12:28

ЕУ со наjстроги санкции кон Белорусија по скандалозното апсење на опозицискиот новинар

Европската Унија со наjстроги санкции кон Белорусија по скандалозното апсење на опозицискиот новинар во оваа земја. Брисел синоќа одлучи да го затвори својот воздушен простор за авиони од Белорусија и да го санкционира режимот на Александар Лукашенко затоа што со сила пренасочи ирски патнички авион за да уапси опозиционер кој беше меѓу патниците.

Претставник на Европскиот совет соопшти дека на самитот во Брисел 27-те држави членки побараа од своите авио - компании да избегнат прелетувања над Белорусија, како и итно пуштање на слобода на белорускиот опозициски новинар Роман Протасевич и неговата девојка.

Нецел ден по апсењето, провладините медиуми во Белорусија објавија видео со Проташевич на кое тој наводно ги признава обвиненијата за тоа дека ги предводел протестите во земјата. 

Опозицијата пак смета дека изјавата е дадена под присила.

Истовремено, европскиот совет повикува на брзо проширување на листата на претставници од Белорусија кои се на мета на санкциите на ЕУ, како и усвојување на други економски санкции.