ЕУ, САД и Велика Британија: За неуспехот на институциите одговорен е Тачи
Откако косовскиот претседател Хашим Тачи упати критики кон меѓународната заедница поради неисполнетите ветувања кон Косово, ЕУ, САД и Велика Британија укажаа на неуспесите на институциите во Приштина за кои како што посочуваат одговорен е Хашим Тачи, објави весникот „Коха“.
ЕУ, САД и Велика Британија ги отфрлаат наводите дека Специјалниот суд за злосторствата на Ослободителната војска на Косово е формиран под нивен притисок и дека тоа било поврзано со некаква „трговија“.
„Коха“ наведува дека Амбасадата на Велика Британија во Приштина негира дека дала некакви ветувања на институциите во Приштина во замена за формирање на Специјален суд. Исто така се посочува дека членството во меѓународни организации зависи од специфичните критериуми на секоја институција.
Портпаролката на Европска комисија, Маја Коцијанчиќ истакна дека европската перспектива на Косово зависи од тоа колку брзо Приштина ќе ги спроведе реформите во обласата на владеењето на правото и економијата.
Амбасадата на САД во Приштина соопшти дека соработката со Специјалниот суд ќе ја зајакне меѓународната позиција на Косово и оти Вашингтон го поддржува членството на земјата во меѓународните организации.
Тачи претходно изјави дека перцепцијата на граѓаните на Косово е дека тој се согласил на формирање на Специјалниот суд за воените злострства на ОВК со цел да се одржи стратешкото партнерство со САД, ЕУ и НАТО.
- Се согласив да водам неправеден историски процес кон Косово и покрај масовното политичко и цивилно мислење за формирањето на овој суд. На Приштина и беше ветено дека ако биде формиран Специјален суд набрзо ќе стане член на Советот на Европа, ќе добие визна либерализација, ќе имаме масовна поддршка за членство во УНЕСКО, ќе воспоставиме Вооружени сили и ќе добиеме нови признавања на косовската независност. Косово го одржа зборот, формира Специјален суд, но меѓународната заедница не исполни ниту едно од своите ветувања. Наместо тоа европскиот пат на Приштина е отежнат, истакна Тачи.
Специјалниот суд е формиран за злосторствата на ОВК над Србите во периодот од 1 јануари 1998 до 31 делември 2000 година.
Според анкетите албанската заедница оценува дека обвинувањата се селективни и нецелосни, додека Србите изразуваат недоверба во Специјалниот суд.
Две третина или 69 отсто од испитаниците од српска националност верува дека е малку веројатно дека Специјалниот суд ќе донесе правда за српските жртви.
Дури 82,1 отсто од испитаниците од српска националност и речисии половина од испитаниците од албанска националност се изјасниле дека е загрозена безбедноста на сведоците пред да бидат изведени пред Специјалниот суд
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица