Македонија
3. April 2020 - 14:42

ЕУ помош од четири милиони евра за итни медицински потреби

 

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска го потпиша финансискиот пакет вреден четири милиони евра за итни медицински потреби на Македонија, како одговор на кризата со Ковид-19.

Помошта од ЕУ овозможува набавка на маски, вентилатори, комплети за тестирање, медицинска опрема и значителни количини на опрема за лична заштита. Таа ќе биде спроведена од УНОПС – Канцеларијата на ОН за проектни услуги.

Тековната помош е дел од солидарниот пакет помош на ЕУ за нашата земја во висина од 66 милиони евра, наменет за справување со состојбата со корона вирусот. Во рамки на пакетот, освен овие четири милиони евра за итни медицински потреби, ЕУ обезбедува и 50 милиони евра за социо-економско закрепнување, девет милиони евра за помош на приватниот сектор и три милиони евра директна буџетска поддршка.