Свет
25. September 2015 - 17:34

ЕУ побара од Хрватска „итно да го објасни“ затворањето на границата со Србија

Европската унија побара од Хрватска „итно да го објасни“ затворањето на границите со Србија, што покрена сериозни прашања, изјави портпаролката Маја Коцијанчич.

- Нашите први впечатоци се дека наложените ограничувања на сообраќајот од Хрватска во понеделникот покренуваат сериозни прашања, рече Маја Коцијанчич.

Во врска со тоа бараме итно објаснување од хрватските власти, додаде таа. нд/15:23