-->
-->
ЕУ планира самит за јакнење на односите со САД, поканет и Бајден
-->
Самит посветен на обновување на трансатлантските односи, а по повод претседателските избори одржани во САД, ќе организираат лидерите на ЕУ-27, соопштија претставници на ЕУ во Брисел.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел има намера да го покани новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, на самитот кој ќе се одржи преку видео линк.
– Целта е зајакнување на политичкиот дијалог, а ЕУ планира да разговара за пет клучни прашања од заеднички интерес, како што се короната, вредностите и мултилатерализмот, климата, трговијата, безбедноста и геополитичките интереси“, наведуваат во Брисел.
Засега е непознато дали тој самит ќе се одржи пред или по инаугурацијата на Џо Бајден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици