ЕУ: Нема визна либерализација за Косово без исполнување на два услова
Косово нема да може да оствари напредок во процесот за визната либерализација, се додека не ги исполни последните два критериума, соопшти Канцеларијата на Европската унија во Приштина како раакција на барањата на косовската Влада за можно „заобиколување“ на критериумот за демаркација на границата со Црна Гора.
Како што јави дописникот на МИА, сега станува јасно дека ветувањето дадено од косовската Влада дека најдоцна до декември годинава Косово ќе добие визна либерализација, нема да биде исполнето, а засега, како што пишува „Коха Диторе“, демаркација на границата со Црна Гора не е на агендата на Парламентот.
- Нема да има напредок во визната либерализација, доколку двата останати критериума - демаркацијата и справувањето со корупцијата, не бидат исполнето од страна на Косово, стои во соопштението на Канцеларијата на ЕУ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?