ЕУ ќе и донира седум амбулантни возила на скопската Итна помош
Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, денеска на Службата за итна помош Скопје ќе и примопредаде седум возила за брза помош финансирани од ЕУ.
Делегацијата на ЕУ, како што соопшти, обезбеди седум амбулантни возила финансирани од ЕУ за Итната помош во Скопје и Здравствениот дом Скопје. Возилата ќе превезуваат болни или повредени лица до болниците во Скопје. Главниот град има најголеми потреби и население во државата и донацијата ќе го ублажи недостигот од возила.
-Ова е најновата испорака на помош од ЕУ наменета да му помогне на здравството во обезбедување подобри услуги за граѓаните. Од 2021 година, Делегацијата на Европската Унија обезбеди системи за магнетна резонанца и за компјутерска томографија во осум болници низ земјата. Преку достигнување на стапка на искористеност на овие уреди како во земјите-членки на ЕУ, оваа медицинска радолошка опрема ќе придонесе за понавремена дијагностика. ЕУ продолжува да го помага здравствениот сектор во подобрување на целокупната здравствена инфраструктура. Проектите финансирани од ЕУ кои го поддржуваат спроведувањето на Стратегијата за здравство 2023-2030 и системот за трансплантација се во тек. Поддршка на програмата за скрининг и превенција на рак, програмата за неонатална грижа и надградбата на апликацијата „Мој термин“ се планирани за финансирање од ЕУ веќе во 2024 година, наведува Делегацијата во најавата за примопредавањето.
Ново на Сител
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие