-->
-->
ЕУ и Британија в понеделник ги почнуваат рпеговорите за Брегзит, со правата на граѓаните како прва точка
-->
Мишел Барниер, главен преговарач на Европската комисија и Дејвид Дејвис, државен секретар на Велика Британија за излез од Европската унија, вчера се согласија да ги започнат преговорите според член 50 за излез на Обединетото Кралство од Унијата во понеделник на 19-ти јуни.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ЕК денеска ја објави агендата за првите официјални преговори по подготвителните „разговори за разговори“ оваа недела на ниво на државна служба меѓу Еврокомисијата и Британија.
Според Комисијата, отпочнувањето преговорите на политичко ниво наредната недела ќе се фокусира на прашањата поврзани со правата на граѓаните, финансиското решавање, северно-ирската граница и други прашања за поделба, како дел од последователниот пристап кон разговорите. Двете страни, исто така, ќе разговараат за структурата на преговорите и за прашањата кои треба да се решат во текот на следните месеци. Европската комисија веќе му ги достави на Обединетото Кралство своите документи за правата на граѓаните и финансиското решение и ги објави двата текста во понеделникот на 12 јуни, во согласност со политиката на транспарентност на неформалната Влада на Европската унија.
Отворањето на преговорите за Брегзит ќе се одржи во Европската комисија во Брисел и ќе биде еднодневен настан, почнувајќи од околу 11 часот и завршувајќи доцна попладнето во понеделник, со заедничка прес-конференција на Мишел Барние и Дејвид Дејвис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израел: Постара жена убиена во терористички напад во Херцлија
-
ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани
-
Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето
-
Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер
-
Дончиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку еден месец
-
Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства