ЕУ грантови од 70 милиони евра за Западен Балкан за вакцини против Ковид-19
Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, од Европскиот Парламент денеска најави дека ЕУ ќе обезбеди 70 милиони евра во грантови за земјите од Западен Балкан за да набават вакцини од ЕУ.
Комесарката задолжена за здравство во ЕУ утрово пред европратениците реферираше за состојбата со вакцинацијата во ЕУ, но и во третите земји партнери на ЕУ со понизок приход, меѓу кои и западнобалканските.
Кириакидес изјави дека преку Ковакс, глобалниот механизам за набавка на вакцини, каде ЕУ е најголем донатор, ЕУ ќе им помогне на земјите од западен Балкан да се вакцинираат приоритетни групи како што се здравствените работници и ранливите лица.
-Ќе обезбедиме грант од 70 милиони евра за Западен Балкан за да можат да купат вакцини од земјите членки на ЕУ. Работиме и со Светската здравствена организација да обезбеди веднаш поддршка од 50 милиони евра за вакцинска подготвеност на Западен Балкан и во земјите од соседството, изјави еврокомесарката за здравство.
ЕУ се залага за поддршка на земјите со понизок приход да добијат брзи и ефикасни вакцини, но процесот се движи бавно. Северна Македонија доби ветувања од две соседни земји членки на ЕУ, но вчера земјата вакцините ги доби од Србија.
Ново на Сител
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија