Свет
22. January 2021 - 16:34

ЕУ го одби предлогот на Грција за воведување вакцинални пасоши

Европската Унија нема конкретен датум кога земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија ќе добијат антиковид вакцини. Претседателката на Европската Комисија по вчерашната седница на европските лидери рече дека вакцините ќе дојдат многу брзо без да прецизира било какви рокови.

Претседателката на Европската Комисија вели дека меѓу земјите членки на Европската Унија има согласност дека е потребно да се издаваат сертификати на вакцинираните пациенти но не и тие да се користат како документ за слободно патување.

Ваквиот став на официјален Брисел доаѓа по барањето на Грција патниците кои имаат примено вакцина да можат слободно да патуваат, додека за останатите да важат стандардните правила како негативен ПЦР тест пред тргнувањето, рапид тест на пристигнување и карантин онаму каде што е потребно.

Европската Комисија изрази загриженост поради појавата на новите мутации на корона вирусот, но целта на Унијата е границите да останат отворени за колку што е можно понормален трансфер на стоки и патници. Како мерка на претпализвост Брисел воведува нова темно црвена зона во која ќе бидат ставени држави каде што вирусот циркулира на високо нив. Од овие земји за патување кон останатите покрај негативен ПЦР тест ќе биде потребено по пристигнувањето да се оди во карантин.