ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина
Европската комисија соопшти дека од денеска повеќе на важи одлуката со која увозот на шеќер и јајца од Украина во ЕУ беше ослободен од давачки и квоти, од причина што увезените количества на овие две стоки ги надминаа нивоата утврдени со Регулативата за трговските повластици за Киев.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, со цел да ја поддржи Украина во нејзините напори за справување со руската воена инвазија, Унијата во 2022 година воведе посебни трговски мерки за либерализација на увозот на одредени украински стоки во земјите членки на Унијата. Но, приливот на евтини украински прехранбени производи, пред се во источните земји на блокот – Романија, Полска, Словачка, Унгарија и Бугарија, предизвика реакции, пред се на земјоделците, поради што Унијата мораше да воведе квоти за слободниот увоз на некои стоки.
Согласно оваа одлука, повторно ќе се воведат тарифи и квоти за украинските јајца, живина, шеќер, овес, пченка, житарки и мед согласно Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Украина од 2016 година, доколку нивниот увоз го надмине просечниот обем од периодот меѓу 1 јули 2021 и 31 декември 2023 година.
Претходно, на 18 јуни, врз основа оваа одлука квоти и давачки беа воведени и за увозот на овес.
- Со оглед на тоа што увозот на јајца и шеќер од Украина од почетокот на 2024 година веќе е над утврдениот обем, дополнителниот увоз ќе продолжи со давачки по моделот на „најповластена нација“, објави Комисијата.
Согласно овој модел во периодот од 1 јануари до 5 јуни 2025 година, Украина ќе може да извезува пет дванаесеттини од нивоата поставени за активирање на квотите и тарифите.
Ова ограничување значи дека Украина во овој период ќе може да извезе на 109.438 тони шеќер во ЕУ. Пред руската инвазија Украина извезуваше во просек по околу 20.000 тони шеќер годишно, за во 2022 и 2023 година тој извоз да се зголеми на речиси 500.000 тони.
Ново на Сител
-
Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска - Давкова од Тирана: Посериозна препрека е билатерализацијата на интегративниот процес од самите балкански соседи
-
MEF25: Енергетската транзиција е политички, економски и генерациски предизвик
-
ФПН во Белград, по анонимна и лажна дојава за бомба: Никој да не биде во зградата на факултетот на 17 јуни
-
Г7 договори нацрт-изјава за Израел и Иран, но Трамп најверојатно нема да ја потпише
-
Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија
-
ЕХФ му изрече двегодишна суспензија на грчки АЕК, парична казна за Алкалоид
-
При израелски напад погодена иранската државна телевизија