ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија за уште шест месеци
Земјите-членки на Европска унија денеска се договорија да ги продолжат економските санкции кон Русија за уште шест месеци, воведени поради улогата на официјална Москва во украинската криза.
Санкциите се однесуваат на секторот на енергетиката, банкарството и одбраната и ќе бидат во сила до крајот на јули 2016 година.
Одлуката за санкциите ќе стапи во сила во понеделник на полноќ ако некоја од 28 земји-членки на Унијата не го смени мислење и вложи писмен приговор.
Одлуката за продолжување на санкциите кон Русија требаше да биде донесена на почетокот од декември, но две недели беше пролонгирана поради сомневањата на некои земји, првенствено Италија, за казнувањето на Русија, од која во исто време се бара помош во разрешување на конфликтот во Сирија.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ