-->
-->
ЕУ: Да не се напаѓаат олеснувачите, туку партиите да се договорат
-->
Европската унија бара од четирите најголеми политички партии во Република Македонија, потписнички на политичкиот договор од 2 јуни/15 јули, да продолжат итно со работа на имплементирање на точките од договорот, со цел да го надоместат изгубеното време.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одби да одговори детално дали Брисел е задоволен или не од олеснувачот во преговорите Петер Ванхоуте, како и да појасни што се неговите задачи, дали смее да се меша во директните политички случувања и да бара да се донесат анти-уставни закони, ниту да обзнани колкава е платата што Белгиецот ја добива од европските данокоплаќачи за своето медијаторство во Македонија.
Наместо тоа, Коцијанчич, во име на неформалната Влада на Унијата, само побара „да не се одвлекува вниманието од суштинските прашања со напаѓање на оние кои се обидуваат да помогнат”.
- Комесарот Хан веќе јасно го стави до знаење своето разочарување од спроведувањето на обврските од јуни/јули и ги повика сите оние кои го потпишаа политички договор да покажат лидерство и одговорност. Важно е сите страни итно да продолжат со работа во од ЕУ олеснетата работна група, со цел да се израмни изгубеното време. Важно е да се постигнат обврските на страните во договорот за јуни јули, посочи Коцијанчич.
Гласноговорничката на Еврокомисијата, во конкретниот случај за тоа дали има (не)задоволство во Брисел од работата на Ванхојте како олеснувач во преговорите на македонските политички партии и дали можеби ги надминал своите овластувања, со одговор дека Делегацијата на Европската унија и Амбасадата на САД, како и олеснувачот на работната група, се поддршка на страните да ги реализираат своите сопствени обврски.
- ЕУ жали што има обиди да се одвлекува вниманието од суштината на прашањата со напаѓање на оние кои се обидуваат да помогнат, додаде Коцијанчич.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност