ЕУ бара итен прекин на нападите врз Источна Гута и примирје во Сирија
Европската унија денеска побара итно запирање на воздушните и артилериските напади на сириските владини сили врз реонот на Источна Гута, кој е под контрола на бунтовниците, како и прогласување на едномесечен прекин на огнот во Сирија.
- Потребен е итен прекин на нападите врз цивилни објекти во сирискиот реон Источна Гута, каде целно и безпрекин се напаѓаат стотици цивили, вклучитечлно и жени и деца, изјави високата пертставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Според неа, ЕУ „повеќе нема зборови со кои може да се опише ужасот“, што го преживуваат луѓето во Источна Гута.
- Нападите терба да запрат веднаш. Меѓународната заедница мора да се обедини за да ги прекине овие страдања на луѓето, додаде Могерини.
Таа нагласи дека ЕУ ја поддржува Предпог-резолуцијата доставена до Советот за безбедност на ОН, со која се бара прогласување на 30-дневен прекин на огнот во Сирија, со цел да му се пружи хуманитарна помош на цивилното населние.
- Сирискиот режим треба итно да запре со бомбардирањето на сопствените жители и да ја преземе неговата основна одговорност за нивна заштита, истакна Могерини.
Во исто време, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, кои се наоѓаат во Брисел каде учествуваат на нефромалниот Самит на ЕУ, испратија заедничко писмо до шефот на руската држава Владимир Путин, со кое бараат Москва да ја поддржи Предлог-резолуцијата за итен опрекин на огнот во Сирија.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пак, од своја страна изјави дека Русија е подготвена да гласа за предложената резолуција во Советот за безбедност на ОН, иако САД и неивните сојузници не ги прифатиле барањата на Москва.
Резолуцијата, што ја предложија Кувајт и Шведска, предвидува едномесечен прекин на огнот во Сирија, за да се овозможи олеснување на опсадата на Источна Гута и да се организира евакуација на луѓето од медицински причини.
За да избегнат руско вето при гласањето по резолуцијата, предлагачите се обидоа да ги исклучат од договорот за прекин на огнот сите џихадистички групи, како на пример ИД и Ал Каеда.
Лавров уште вчера изјави дека Русија е подготовена да прифати прекин на огнот во Сирија, под услов со него да не бидат опфатени и групите кои соработуваат со џихадистички организации и напаѓаат населени области во реонот на Дамаск.
Со Предлог-резолуцијата се предвидува прекинот на огнот да стапи во сила 72 часа по усвојувањето на текстот од страна на Советот за безбедност на ОН. Испораката на итната хуманитарна помош, како лекови и храна. ќе започне 48 часа по почетокот на прекинот на огнот.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе