Македонија
19. February 2021 - 16:45

ЕУ амбасадорот Гир: Во ЕУ не смее да се пишува етничката припадност во личните документи

Вметнувањето на националната припадност во личните карти е во спротивност со Европската регулатива. Евроабасадорот Гир со јасен став. Европската регулатива го забранува тоа.

Премиерот Заев денеска вели дека не добил никаков предупредување на грчкиот амбасадор по вчерашната изјава на Мицкоски дека странски амбасадор реагирал за законот за личните карти и дека тоа е причината поради која во СДСМ се свесни дека овој закон воопшто нема да помине.

Измените на законот за лични карти доаѓаат по предлог на Беса. Првично за нив позитивно се изјасни и ВМРО-ДПМНЕ но од партијата не се согласуваат во личните карти да стои новата придавка на државата.

Против национални обелележаа во овој личен документ се изјасни и Претседателот Пендаровски додавајќи дека ако сепак се донесе законот, тој нема да прави блокади со потпишувањето на указот. Против се и неколку политички партии од коалицијата на СДСМ но опозициската Левица која за законот најавува нова собраниска блокада со 1200 амандмани.