Свет
17. February 2021 - 11:17

Етна повторно исфрла лава и пепел, населени места не се загрозени

Вулканот Етна на островот Сицилија повторно еруптираше, исфрлајќи лава и пепел, по вторпат во последните неколку дена.

Локалните власти соопштија дека околните населени места не се загрозени, и оти ја следат ситуацијата.

Етна, кој е висок 3.350 метри, е еден од најактивните вулкани во светот.