Свет
30. August 2016 - 17:49

Естонскиот парламент не може да избере претседател на државата, ќе биде свикан изборен колегиум

Естонскиот парламент не успеа да избере нов претседател на државата. По денешниот трет и последен круг од гласањето ниту еден од кандидатите не доби поддршка од две третини од пратениците.

Со тоа, за избор на нов претседател во следните 309 денови ќе биде свикан посебен Изборен колегиум во кој ќе бидат 335 луѓе – пратеници и претставници на органи за локална самоуправа.

Новиот претседател треба да го замени актуелниот Томас Хендрик Илвес, чиј втор 5-годишен маднат изминува во октомври.

Владејачката тројна коалиција остана поделена за изборот на претседател, функција која до голем степен е само церемонијална во Естонија.