-->
-->
ЕСПН наброи 20 члена на „Куќата на славните“ кои Џордан ги исфрли од НБА плејофот
-->
Американскиот спортски канал, ЕСПН, на својот профил на Твитер наведе 20 члена на „Куќата на славните“ кои Мајкл Џордан ги елиминирал во плејофот.
Легендарниот кошаркар во текот на својата кариера во разигрувањето за титулата ги елиминирал следниве НБА ѕбезди: Чарлс Баркли, Владе Дивац, Клајд Дрекслер, Џо Думарс, Патрик Јуинг, Меџик Џонсон, Карл Мелоун, Реџи Милер, Алонзо Морнинг, Крис Малин, Дикембе Мутомбо, Шекил О’Нил, Роберт Периш, Гери Пејтон, Денис Родман, Џек Сикма, Џон Стоктон, Ајзеа Томас, Доминик Вилкинс и Џејмс Ворти.
Минатата недела ЕСПН ја заврши премиерата на документарен филм од 10 епизоди за Чикаго булс во 90-тите и за неговиот легендарен кошаркар, летечкиот Мајкл Џордан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово