Свет
6. August 2019 - 12:06

Еспер: Нема претерано да реагираме на лансираните ракети од Северна Кореја, но внимателно ги следиме

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека САД нема претерано да реагираат на серијата севернокорејски лансирања  ракети и ја остава вратата отворена за разговори со Пјонгјанг.

-Клучно е вратата да се остави отворена за дипломатијата. Нема претерано да реагираме на ова, но ќе ги следиме, внимателно ќе ги следиме, и свесни сме за тоа што се случува,  рече Еспер пред заминување во посета на Јапонија.

Северна Кореја денеска на два пати лансираше ракети во морето во близина на источниот брег, и ова во последниот месец беше четврто тестирање што го изведе на своја територија.

Истовремено, официјален Пјонгјанг вложи протест затоа што со заедничките вежби на САД и Јужна Кореја се прекршуваат дипломатските договори.