ЕСМ достави понуди на повикот за парно греење во Скопје
– На повикот на Владата за избор на компанија која ќе произведува, дистрибуира и ќе ги снабдува со топлинска енергија потрошувачите на дел од градот Скопје се пристигнати понуди од ЕСМ ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје и ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје.
Јавното отворање на понудите се одржа денеска во Владата, согласно со јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија и вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија.
-Комисијата составена од претставници на владини институции го спроведе отворањето на понудите по јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија и беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за производство на топлинска енергија ЕСМ ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје. По спроведеното отворањето на понудите по јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје. На јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија од страна на Комисијата беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за снабдување со топлинска енергија ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, соопшти владината прес-служба.
![](https://ci4.googleusercontent.com/proxy/iXXok2rsT0UasPJbDBnqR54niK-KObRi91dCJua87d1D4HgE0ERymCmz_oalv7veN9pbHljSo5Ss9p3GFlNYenfHt5EDQ9gzSp4gukE8M2_b8gOJYyiAOlp45K-Ut_XC2L9NU9yZ_-291P98GkChmLEu1Zmgrc6TyJKVqHM3iGbNjpK1UvckYSRps4cpirou71E=s0-d-e1-ft#https://mia.mk/wp-content/uploads/2022/09/thumbnail_13092022-%D0%9A%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D1%83%D0%B4%D0%B8-1.jpg.jpg)
Ново на Сител
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски