Македонија
6. December 2021 - 16:56

Ескобар во Скопје: САД даваат поддршка и очекуваат почеток на преговори

САД интензивно работат со европските партнери за брз старт на преговорите, порача преставникот на Стејт департменот, Габриел Ескобар кој е во посета на Скопје. Американскиот функционер местото на Македонија го гледа во ЕУ. САД ги поддржуваат реформите во земјава и остануваат стратешки партнери, сојузници и пријатели, истакна Ескобар.

-Сакам да ја изразам силната поддршка на нашата администрација за брза евроинтеграција на Северна Македонија и ние работиме со нашите европски партнери да обезбедиме тоа да се случи многу брзо. Мислам дека сите може да се согласиме дека Северна Македонија културно, историски и сè повеќе економски е дел од Европа и вие треба да имате свое место на масата. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да покажете флексибилност во процесот на интеграција и во спроведувањето на натамошните реформи тоа да стане реалност. 

Министерот Османи не губи надеж дека до крајот на декември сепак е можно деблокирање на македонските интеграции и кревање на бугарското вето. Шансата за датум  ја гледа во евентуален  вонреден состанок кој Словенците би го организирале  по самитот на ЕУ.

-На 14 декември е формалниот состанок на министрите за Европа, но тоа не значи дека е единствена шанса за декември“, вели Османи, споделувајќи со медиумите дека добил уверување дека и по 14 декември, до крајот на годината, словенечкото претседателство може да свика вонреден состанок за Европа, доколку добие позитивни сигнали за почеток на преговорите со ЕУ. 

Ескобар се сретна и со престедателот Пендаровски, од чиј кабинет соопштија дека  двајцата разговарале за билатерални односи помеѓу двете земји , како и за состојбите во регионот. На средбата  со Заев , било потенцирано  заедничкото стратешко учество во НАТО и партнерството меѓу двете земји кое продлжува да се продлабочува. Двете страни се согласиле дека поддршката на Сад е добредојдена во изнаогање на прифатливи решенија во билатералниот спор мегу Македонија и Бугарија.