Свет
23. October 2016 - 12:48

Ештон Картер пристигна во Ербил

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер денеска пристигна во ирачкиот град Ербил за да ја набљудува офанзивата против Исламска држава за ослободување на Мосул и веројатно да разговара за улогата на турската армија во регионот.

Картер ќе се сретне со курдскиот лидер Масуд Барзани и со локалните воени команданти.

Истовремено курдските вооружени милиции пешмерга денеска презедоа операции на два фронта кон североисточниот дел на Мосул.

Изминатите денови ирачките и курдските сили се борат со џихадистите во градовите и селата во околината на Мосул. Во офанзивата учествуваат над 250.000 ирачки војници, авиони на антитерористчката коалиција предводена од САД.