Македонија
4. October 2017 - 9:54

Есенска дератизација во Ѓорче Петров

 

Општина Ѓорче Петров започна со есенската дератизацијата против глодари со која ќе бидат опфатени 3.804 шахти на целата територија на општината. Предходно е извршена дезинфекција во основните училиштата.

Покрај општинските инспектори во реализација на дератизацијата се ангажирани и лица од ЈП „Водовод и канализација“ со чија помош се лоцираат сите шахти на територијата на општината и се отвораат од вработените во јавното претпријатие.

Дератизацијата се врши со препаратот „Бродилон“ а работите ги изведува „ Зотокс“ Скопје. 

Општината Ѓорче Петров редовно спроведува ваква активност два пати во годината, а средствата ги обезбедува од својот буџет.

Ново на Сител