Ерменија планира признавање на независноста на Нагорно Карабах
Во екот на актуелната воена ситуација, властите на Ерменија ги разгледуваат плановите за официјално признавање на независноста на Републиката Артсак (Нагорно-Карабах), рече ерменскиот премиер Никол Пашинјан на прес-конференција со руските медиуми, пренесува „Арменпрес“.
Пашинјан нагласи дека дејствата што ги презема Ерменија се фокусирани на воспоставување трајна стабилност во Нагорно-Карабах.
„Да, прашањето за признавање на независноста на Нагорно-Карабах е на нашата агенда. Исто така, постои можност за формирање воен и политички сојуз со Карабах”, рече Пашинијан.
Плановите за воспоставување воен и политички сојуз со непризнатата република, претходно ги најави лидерката на владејачката парламентарна фракција „Мај степ алијанс“, Лилит Макунц, на својата страница на „Фејсбук“.
„Во сегашната ситуација активно се дискутира за нашите потенцијални активности, вклучително и склучување воен и политички сојуз со Артсак (непризната Република Нагорно-Карабах)“, напиша Макунц.
Пашинјан рече дека Ерменија ќе ја осигура својата безбедност со или без учество на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ЦСТО). Во исто време, тој рече дека Ерменија е во постојан контакт со партнерите од ЦСТО.
Тој додаде дека Ерменија е подготвена да биде домаќин на претстојниот состанок на Меѓувладиниот совет на Евроазиската економска унија во Ереван, закажан за 9 октомври.
Само ден претходно, Виктор Бијагов, претставник на Ерменија во ЦСТО, рече дека како што продолжува конфликтот во Нагорно-Карабах, Ерменија е подготвена да ги активира воените механизми на организацијата, бидејќи постои значителна закана за суверенитетот на земјата.
Бијагов призна дека владата на Ерменија ќе мора да го спроведе овој протокол ако се прошири географијата на воените дејствија. Тој додаде дека Азербејџан почнал целосна војна, одбивајќи мировните разговори. Воената акција резултираше со многу цивилни жртви, вклучително жени и деца.
„Особено сме загрижени од безусловната воена и политичка поддршка на Турција за Азербејџан, што придонесува за понатамошна дестабилизација во областа на одговорност на ЦСТО и претставува сериозна закана за народите во регионот. Турските воени специјалисти се борат во редовите на вооружените сили на Азербејџан и се користи турско оружје, вклучително и беспилотни летала и воени авиони“, се вели во изјавата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација