Ерменија и Азербејџан се договорија за нормализирање на односите и размена на затвореници
Ерменија и Азербејџан, кои долго време се во воен конфликт околу енклавата Нагорно Карабах, денеска најавија дека ќе преземат конкретни мерки за зајакнување на довербата, нормализирање на односите и размена на затвореници.
Во заедничката изјава објавена по разговорите меѓу претставниците на кабинетот на ерменскиот премиер и азербејџанското претседателство, Ереван и Баку ја повторија својата намера за нормализирање на односите.
Тие исто така се договорија 32 ерменски воени заробеници да бидат ослободени во замена за двајца заробени азербејџански војници.
Во заедничкото соопштение се наведува дека двете земји го делат ставот дека постои „историска шанса да се постигне долгоочекуваниот мир во регионот“.
„Двете земји ја потврдуваат својата намера за нормализирање на односите и постигнување мировен договор врз основа на почитување на принципите на суверенитет и територијален интегритет“, се наведува во соопштението објавено по разговорите меѓу претставниците на двете страни.
Ново на Сител
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот