Свет
5. February 2022 - 14:27

Ердоган заразен со коронавирус

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека денеска тој и неговата сопруга се позитивни на корона вирусот и имаат благи симптоми.

Ердоган изјави дека бил заразен со омикрон варијантата на вирусот.

-Денеска добив позитивни резултати од тестот за ковид што јас и мојата сопруга го направивме по благи симптоми. Ќе продолжиме да работиме од дома – напиша Ердоган на Твитер.