Ердоган во разговор со Путин повика на „праведен мир“ во Украина
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера, на годишнината од руската инвазија врз Украина, оствари телефонски разговори со својот руски и француски колега Владимир Путин и Емануел Макрон.
Во разговорот со Путин турскиот претседател повика на „праведен мир“ во Украина, соопшти неговиот кабинет.
Претседателот Ердоган ја истакна потребата од постигнување праведен мир за да се избегне натамошната загуба на човечки животи и уништувањата, се наведува во кусото соопштение од неговиот кабинет.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Ердоган се обидува да балансира меѓу Киев и Москва.
Во септември минатата година тој понуди и посредување со цел да се реши кризата околу нуклеарната централа Запорожје.
Анкара испрати беспилотни летала во Киев, но турската Влада одби да се приклучи на западните санкции против Русија.
Турскиот претседател неколкупати се сретна со Путин и е во редовна комуникација со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој денеска оствари и телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, кој му кажа дека е неопходно „да се зајакне притисокот и изолацијата на Русија“ за таа да се откаже од својата агресија врз Украина.
„Во оваа смисла, шефот на државата го истакна предизвикот за борба против какво било заобиколување на воведените санкции“, додаваат од Елисејската палата.
Макрон, исто така, кажа дека „приоритет треба да биде да се зајакне поддршката за Украина за да и се овозможи да победи“ во војната против Москва.
Претседателите Макрон и Ердоган „ја повторија својата непоколеблива посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ и „разговараа за корисни активности што би можеле да се преземат за доброто на цивилното население и во корист на враќање на мирот што ќе се постигне со целосно почитување на легитимните права на Украина“, се наведува во соопштението од кабинетот на францускиот претседател.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет, ќе го почека носењето на новиот закон
-
Два полициски хеликоптери го гасат пожарот кај Чучер-Сандево, досега исфрлени преку 70 тони вода
-
Фрлени палети намачкани со бензин, некој сакал да го реактивира пожарот кај Чучер-Сандево | ВИДЕО
-
Малолетничка уценувана од нејзиното поранешно момче, му дала 800 евра за да не објави експлицитни фотографии од неа
-
Мицкоски: Државата не се гради од центарот кон периферијата, туку од темелите нагоре
-
Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина
-
Опожарени 130 хектари сува трева и ниска вегетација во Руѓинце
-
Базените на Црвениот крст ставени на располагање за хеликоптерска интервенција