Ердоган со закани: Ќе ја затвориме базата Инџирлик ако САД воведат санкции
Турција би можела да ја затвори воената база Инџирлик, во која има американски нуклеарни боеви глави, како одговор на заканите на САД за воведување санкции за Анкара и неодамна донесената резолуција на американскиот Сенат, со која ерменскиот масакр пред еден век беше прогласен за геноцид. Тоа го најави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
– Треба да преземеме таков чекор … Доколку е потребно, заедно со нашите делегации, ќе ја затвориме базата Инџирлик, изјави Ердоган за телевизијата Хабер.
Тој додаде дека Турција, исто така, може да ја затвори радарската база Куреџик доколку е потребно.
-Ако ни се закануваат со примена на тие санкции, секако дека ќе одговориме, нагласи турскиот претседател.
На 12 декември американскиот Сенат усвои резолуција со која се признава масакрот врз Ерменците извршени од отоманските Турци пред еден век како геноцид.
Ново на Сител
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд избира претседател
-
Општина Штип за првите 4 месеци прибра 30% за данок на имот
-
Волонтерите од Црвен Крст од Струмица со мали проекти ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата
-
Преглед на вестите од светот