Балкан
16. July 2016 - 13:53

Ердоган со СМС порака го повикува народот на улица

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска испрати СМС порака до претплатниците на турските мобилни мрежи, со која ги повикува да излезат на улица и да се спротистават на помал дел од воениот врв.

Тој во пораката исто така ги повикува граѓаните на Турција да „станат во одбрана“ на демократијата и мирот.

Пораката е потпишана со целото име на турскиот претседател, а како испраќач се наведува „РТ ЕРДОГАН“.

Претходно, Ердоган преку Твитер ги повика граѓаните да останат на улица со цел да спречат нов обид за воен удар.