-->
-->
Ердоган: Следна цел на турската воена операција во Сирија е градот Тел Рифат
-->
Вооружените сили на Турција наскоро ќе воспостават контрола над сирискиот град Тел Рифат, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
- Во наредните денови ќе биде воспоставена контрола над градот Тел Рифат и на тој начин ќе бидат постигнати целите на операцијата „Маслиново гранче ", посочи турскиот претседател.
Вчера, Ердоган истакна дека Анкара е подготвена за нови воени операции во Сирија.
Турција на 20 јануари ја почна операцијата „Маслиново гранче" во реонот на Африн, насочена против сириските курдски милиции Сили за заштита на народот и Партијата за демократски сојуз, кои Анкара смета за терористички организации, поврзани со забранетата Курдска работничка партија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата