Loading Video...
Свет
14. May 2022 - 16:35

Ердоган се противи на членството на Финска и Шведска во НАТО

Претседателот на Финска Саули Нинисто телефонски го информирал рускиот претседател Путин за плановите за Хелсинки за членство во НАТО.

– Разговорот беше директен и отворен и беше воден без отежнување. Избегнувањето на тензиите се оценуваше за важно, посочи Нинисто кој му рекол на Путин дека руската инвазија драстично го променила безбедносното опкружување на Финска поради што земјата одлучила во следните денови да побара членство во Алијансата.

Очекувањата се дека Финска на почетокот на идната недела, Шведска веќе утре може да ја објават одлуката за влез во НАТО. Двете земји викендов се поканети на присуствуваат на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО кој се одржува во Берлин. 

За двете земји да станат членки на Алијансата потребна е согласност од сите 30 членки, а вчера турскиот претседател Ердоган изјави дека неговата земја не е наколенета кон приемот на Шведска и Финска. 

Како членка на НАТО, Турција би можела да стави вето на одлуката за приемот на двете земји.

Турција има добри односи и со Киев и со Москва и игра улога на посредник во завршувањето на нивниот конфликт. Анкара ја снабдува Украина со борбени беспилотни летала, но не воведува санкции кон Русија и не ги прекинува економските односи.

Барањето на скандинавските земји за влез во НАТО е реакција на рускиот напад на Украина, а со евентуалниот влез тие би го загубиле досегашниот воено неутрален статус. По најавата на Хелсинки дека планира да аплицира за членство во НАТО, Финска беше исклучена од руската електрична мрежа, а Русија спроведе воени вежби во Калининград, својата енклава на Балтичкото Море.