Свет
10. July 2017 - 8:42

Ердоган одржа средба со Тилерсон

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон синоќа во Истанбул се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Претходно, Тилерсон оствари средба со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. 

Според турските медиуми, двајцата зборувале за темите поврзани со ситуацијата во Сирија и Катар. 

По средбата на Ердоган и Тилерсон не беше објавено никакво соопштение. 

Државниот секретар на САД, кој синоќа пристигна во Турција, говореше на церемонијата по повод отворањето на 22-тиот Светски нафтен конгрес во Истанбул, во својство на поранешен извршен директор на американскиот нафтен гигант „Ексон Мобил“.