Ердоган: Ирачката жалба пред СБ на ОН за турските војници не е чесен чекор
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа изјави дека поднесената од ирачките власти жалба до Советот за безбедност на ОН за распоредувањето на турски војници во близина на Мосул не е чесен чекор.
- Тие може да се обратат до СБ на ОН. Тоа е нивно право, но не е чесно, изјави Ердоган во интервју за телевизијата Ал Џезира.
Багдад претходно побара од СБ на ОН да изврши притисок врз Турција за повлекување на војниците од камп во близина на контролираниот од „Исламска држава“ ирачки град Мосул.
Ирачкиот претставник во ОН Мохамед Ал Алаким врачи писмо на американската амбасадорка Саманта Пауер во својство на претседател на Советот во месец декември за да го проследи до останатите 14 членови.
Саманта Пауер ја потврди позицијата на САД дека секое распоредување на војска во Ирак треба да биде во согласност со ирачката влада и повика за продолжување на дијалогот меѓу Ирак и Турција.
Ново на Сител
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?
-
Протест на Независниот синдикат на полицијата
-
Муцунски во Шведска
-
Алергиите и стомачен вирус ги полнат амбулантите во Клиниката „Козле“