Ердоган и дал налог на владата да почне изградбата на гасниот чвор во Турција за руски гас за Европа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и нареди на владата во Анкара да почне со градежните работи на „гасниот чвор“ во Турција, објавија денеска турските медиуми. Изградбата треба да почне по предлогот на рускиот претседател Владимир Путин заради извоз на рускиот гас во Европа.
- Заедно со претседателот Путин дадовме наредба на нашето Министерство за енергетика и надлежната институција во Русија да изведување на заедничкиот потфат, изјави Ердоган на враќање од Казахстан, каде што се сретна со рускиот претседател. За време на состанокот со Ердоган во Астана, Путин предложи создавање гасен чвор во Турција за снабдување на Европа со руски гас.
Тој кажа и дека маршрутата низ Турција се покажала како најсигурен начин за испорака на гасот до Европската унија во време кога руските испораки на ЕУ се погодени од санкции и протекувањето на гасоводите „Северен тек 1 и 2“.
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците