Ердоган: Хитлеровиот претседателски систем е позитивен
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Германија во времето на Адолф Хитлер имала ефикасен претседателски систем, објавија турските медиуми.
Ердоган сака да го смени турскиот Устав со што церемонијалната титула претседател ќе стане извршна односно ќе воведе турска верзија на систем како што има во САД, во Франција или во Русија.
Турскиот претседател, вчера по враќањето од Саудиска Арабија, одговарајќи на новинарско прашање дали претседателскиот систем е можен со истовремено одржување на унитарната структура на државата, тој изјави:
- Веќе постојат примери за тоа во светот. Тоа можете да го видите и на примерот на хитлерова Германија. И потоа имало примери во многу други земји, истакна Ердоган.
Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) по победата на парламентарните избори во ноември најмногу внимание посвети на уставните промени. Опозициските партии се согласуваат со потребата за промена на Уставот, кој е во сила по воениот удар од 1980 година, но не поддржуваат воведување на претседателски систем, стравувајќи дека тоа би било премногу моќ во рацете на еден авторитарен лидер.
Ново на Сител
-
Од полноќ поевтинуваат горивата
-
Кремљ: Важно е некој да го принуди Зеленски да го промени својот став
-
Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски
-
Фон дер Лајен утре ќе објави план за „ревооружување на Европа“
-
Релиќ и Георгиевски освоија бронзени медали на турнир во Бугарија
-
ЕУ нема да ги исполни целите за намалување на загадувањето до 2030 година
-
Отворено писмо на поранешните полски дисиденти до Трамп: Го испрашувате Зеленски како што ние бевме сослушувани од комунистичките судови и полицијата
-
ООН загрижена поради „фундаменталната промена“ на американската политика, вели Фолкер Тирк